top of page
treva za robotska kosilka

Трева Роботка 1кг

490,00 ден.Price

Роботка е избрана тревна мешавина која е погодна за косење со роботска косилка како и со обична универзална косилка. Составена е од некои од најгустите и најбавно растечките сорти трева, кои добро ги искористуваат хранливите материи обезбедени од тревниот прекривач (мулч). Предноста на оваа мешавина е што тревникот, дури и при често и ниско косење, останува со убав изглед.

Високо ниво на толеранција на суша и болести – оваа мешавина од трева содржи тетраплоиден повеќегодишен љуљ (англиски љуљ), кој нуди широк спектар на предности, како што е високото ниво на отпорност на суша и болести благодарение на многу силниот коренов систем во споредба со другите видови трева. ’рти брзо и може да фати корен дури и при ниски температури на почвата од 3-4 °C.

 

Оваа тревна смеса може да се коси со роботска косилка и со универзална косилка за трева.

Упатство за сеење и одржување на тревник

1️⃣ Подготовка на земјата

  • Пред сеење, земјата треба добро да се обработи (фрезира) и израмни.
  • По подготовката, тревното семе се сее со 40–50 g на квадратен метар (м²).

2️⃣ Втиснување и полевање

  • По сеењето, семето се потиснува во земјата со ваљак за подобар контакт со подлогата.
  • Потоа тревникот се полевa често со мала количина на вода, доволна само за да го затемни горниот слој на земјата.

⚠️ Напомена: Обилното полевање е штетно и може да предизвика намалена ‘ртливост на смесата.

3️⃣ Првите косења

  • Во текот на првите неколку косења, косачката треба да биде подесена на највисоката позиција.
  • Ова овозможува правилно формирање на тревникот и спречува оштетување на младата трева.

4️⃣ Ѓубрење

  • Препорачуваме ѓубрење со “ВАЛЕНТИН ОПТИМУМ – ЃУБРЕ ЗА ТРЕВНИЦИ” 2–3 пати годишно, но не порано од 1 месец по формирање на тревникот.

5️⃣ Одржување и аерација

  • За освежување на тревникот, изведувајте аерација еднаш годишно, најдобро во касна пролет или есен.

Слични Производи

bottom of page