Тревна мешавина за засенчени површини. Осоја е специјална тревна мешавина од високо квалитетни видови на семе за трева наменета за сеење на засенчени површини. Идеална за паркови и дворови кои немаат многу сончева светлина. Бара редовно косење, ѓубрење и наводнување. При правилно одржување, Осоја создава издржлив и густ тревник со долг животен век.
Трева ОСОЈА 1kg
Упатство за сеење и одржување на тревник
1️⃣ Подготовка на земјата
- Пред сеење, земјата треба добро да се обработи (фрезира) и израмни.
- По подготовката, тревното семе се сее со 40–50 g на квадратен метар (м²).
2️⃣ Втиснување и полевање
- По сеењето, семето се потиснува во земјата со ваљак за подобар контакт со подлогата.
- Потоа тревникот се полевa често со мала количина на вода, доволна само за да го затемни горниот слој на земјата.
⚠️ Напомена: Обилното полевање е штетно и може да предизвика намалена ‘ртливост на смесата.
3️⃣ Првите косења
- Во текот на првите неколку косења, косачката треба да биде подесена на највисоката позиција.
- Ова овозможува правилно формирање на тревникот и спречува оштетување на младата трева.
4️⃣ Ѓубрење
- Препорачуваме ѓубрење со “ВАЛЕНТИН ОПТИМУМ – ЃУБРЕ ЗА ТРЕВНИЦИ” 2–3 пати годишно, но не порано од 1 месец по формирање на тревникот.
5️⃣ Одржување и аерација
- За освежување на тревникот, изведувајте аерација еднаш годишно, најдобро во касна пролет или есен.
















