Трева Валентин КЛАСИК
Универзална тревна мешавина со обложено семе. Идеално решение за дворови, градини и паркови. Класик тревната смеса создава убав тревник кој не треба често да се одржува.
Упатство за сеење и одржување на тревник
1️⃣ Подготовка на земјата
Пред сеење, земјата треба добро да се обработи (фрезира) и израмни.
По подготовката, тревното семе се сее со 40–50 g на квадратен метар (м²).
2️⃣ Втиснување и полевање
По сеењето, семето се потиснува во земјата со ваљак за подобар контакт со подлогата.
Потоа тревникот се полевa често со мала количина на вода, доволна само за да го затемни горниот слој на земјата.
⚠️ Напомена: Обилното полевање е штетно и може да предизвика намалена ‘ртливост на смесата.
3️⃣ Првите косења
Во текот на првите неколку косења, косачката треба да биде подесена на највисоката позиција.
Ова овозможува правилно формирање на тревникот и спречува оштетување на младата трева.
4️⃣ Ѓубрење
Препорачуваме ѓубрење со “ВАЛЕНТИН ОПТИМУМ – ЃУБРЕ ЗА ТРЕВНИЦИ” 2–3 пати годишно, но не порано од 1 месец по формирање на тревникот.
5️⃣ Одржување и аерација
За освежување на тревникот, изведувајте аерација еднаш годишно, најдобро во касна пролет или есен.
















