top of page
Трева Валентин СПОРТ

Брзорастечка мешавина од треви идеална за рекреативни површини, спортски терени и паркови. Содржи внимателно одбрани видови и сорти што поднесуваат интензивно газење и оптоварување. Со соодветна нега, тревникот останува густ, свеж и убав со години.

Трева Валентин СПОРТ

SKU: 100241
ден330.00Price

Пред сеење земјата треба да се обработи (фрезира). По припрема на земјата сееме со 40 до 50 гр. на м2. Следниот чекор е потиснување на семето во земјата со ваљак. Откога ќе се втисне семето често се полева со мала количина на вода, доволно за да го затемни горниот слој. Честината зависи од времето и типот на почвата.

Напомена! Обилно поливање на тревникот е штетно и може да придонесе до намалена ‘ртливост на смесата.

Првите неколку косења косачката ја подесуваме на највискиот сетинг за да се овозможи правилно формирање на тревникот и да се избегне негово оштетување.

Препорачуваме ѓубрење на тревникот со ВАЛЕНТИН ОПТИМУМ ЃУБРЕ ЗА ТРЕВНИЦИ 2 до 3 пати годишно, но најрано 1 месец по формирање на тревникот.

Како дополнителна мерка за освежување на тревникот препорачуваме редовна аерација секоја година (касна пролет или есен).

bottom of page