top of page
Валентин ѓубре за трева 2,5кг

Валентин ѓубре за трева 2,5кг

470,00денPrice

Комплексно ѓубриво, наменетo  за ѓубрење на сите видови тревници. Овозможува развој на здрав коренов систем и дава интензивно зелена боја на тревата.

Хемиски  и физички состав: NPK(Mg + Fe) 20:5:8 (+2 +1), Сиви гранули 2-5 mm

Дел од азотот се ослободува веднаш, што се манифестира со итно дејство, а дел (25%) се ослободува бавно, приближно 3 месеци дејство.

Ѓубривото рамномерно го посипуваме по тревата, приближно 25 g /m², и залеваме.

Првпат ѓубриме рано на пролет (март, април).

Лето користиме ѓубриво на многу истрошени тревници.

Доцна лето (август, септември) го ѓубриме тревникот за добро да презими.

При употреба, внимаваме ѓубривото да не се расфрла по камења и павер елементи, бидејќи ѓубривото кое содржи железо може да остави дамки.

2,5 kg ѓубриво се доволни за 100 m².

Слични Производи

bottom of page