Тиквичка Дијамант Валентин
Семето од тиквички 'рти 10-12 дена. Ова се многу рани и плодни тиквички. Тиквичките се со мермерно-зелена, сјајна боја и се вкусни. Редовно се берат за да се појават нови цветови. Растат на грмушка. Најдобро успеваат на потопли, заштитени места во обилно наѓубрена почва. Секогаш се наводнува под листовите. Може да се одгледуваат и во стаклена градина или под фолија.
















