Краставица Маркетморе
Семето никнува за 10–14 дена. Бараат многу топлина, вода и прегорено арско ѓубриво. Ова е рана сорта на салатна краставица. Плодовите се средно долги и цилиндрични, темнозелени со светли шари (пруги), сочни се и не горчат. Се одгледуваат на отворено, а може и рано во пролет во топли леи.
















