Карфиол Snowball X Валентин
Семето од карфиол никнува за 8–12 дена. Тоа е доцен карфиол кој формира бели, округли и збиени цветови за 110 дена по пресадувањето. Не поднесува премногу жешки и суви лета. Одлично расте на варовнички, хумусни почви наѓубрени со шталско ѓубриво. За подобро искористување на просторот, меѓу карфиолот се сади марула и се сее ротквица, а најдобар сосед му е целерот.
















