top of page
Gladiolus Georgia Peach (10) - Гладиола

Gladiolus Georgia Peach (10) - Гладиола

160,00 ден.Price

Гладиолата 'Georgia Peach' со своите набрани цветови е вистински мелем за очи. Ливчињата се обоени во праска-розова нијанса, која преоѓа во портокалов тон кон центарот на цветот, создавајќи прекрасен „омбре“ ефект. Заштитена од зелените листови во облик на меч, 'Georgia Peach' ќе и даде тропски шмек на секоја градина, но изгледа подеднакво воодушевувачки и во букет како режан цвет.

Луковиците (клубените) на гладиолите може да се засадат во саксии за претходно ’ртење во април за да процветаат порано, или да се засадат директно во градината откако ќе поминат ноќните периоди на мраз.

Луковиците се притискаат во земјата со вдлабнатата страна надолу, а со испакнатата страна (каде што е пупката) нагоре, така што пупката да остане на површината. Расадот постепено се прилагодува на надворешните услови (калење), а на конечното место во градината се сади во јуни.

Гладиолата не презимува надвор. Наесен, по првиот мраз, луковиците се откопуваат и се оставаат малку да се исушат. Потоа се вадат од стеблата и се чуваат преку зимата покриени со песок или тресет, во ладна и сува просторија на температура од околу 5°C. Луковиците не смеат целосно да се исушат во текот на зимата.

Слични Производи

bottom of page