top of page
Gladiolus Beautiful Eyes (15) - Гладиола

Gladiolus Beautiful Eyes (15) - Гладиола

290,00 ден.Price

Gladiolus Beautiful Eyes е впечатлива мешавина од гладиоли, чии цветови прекрасно се истакнуваат благодарение на јасните бои и елегантниот контраст. Оваа сорта е одлична за цветни леи и како и за цвет во вазна. Луковиците (клубените) што се садат на пролет создаваат долги и елегантни цветни стебла, кои даваат раскош на градината. 

Луковиците (клубените) на гладиолите може да се засадат во саксии за претходно ’ртење во април за да процветаат порано, или да се засадат директно во градината откако ќе поминат ноќните периоди со мраз.

Луковиците се притискаат во земјата со вдлабнатата страна надолу, а со испакнатата страна (каде што е пупката) нагоре, така што пупката да остане на површината. Расадот постепено се прилагодува на надворешните услови (калење), а на конечното место во градината се сади во јуни.

Гладиолата не презимува надвор. Наесен, по првиот мраз, луковиците се откопуваат и се оставаат малку да се исушат. Потоа се вадат од стеблата и се чуваат преку зимата покриени со песок или тресет, во ладна и сува просторија на температура од околу 5°C. Луковиците не смеат целосно да се исушат во текот на зимата.

Слични Производи

bottom of page