Капина Лох Нес
Сортата капина Лох Нес има големо економско значење, бидејќи успева на различни типови почви и се одликува со брз раст. Лесна е за одгледување и може успешно да се сади и во поголеми саксии, што ја прави погодна за тераси и балкони. Сортата дава добар принос и е отпорна на болести и мраз.
Плодовите се погодни за свежа консумација и за подготовка на различни десерти, како и за преработка во мармалади, вина, ликери и пиво. Листовите исто така можат да се користат за подготовка на чаеви.
















