Жолта Боранија Берголд
Ниска рана сорта боранија која се одликува со брз раст и рана берба.
Формира жолти, тркалезни мешунки без конци, со пријатен вкус и нежна текстура. Погодна е за свежа употреба, готвење и конзервирање. Лесна за одгледување и идеална за градини и помали површини.
Достапни пакувања: 100г и 200г
















