top of page
Dahlia Cafe au Lait (1) - Далија

Dahlia Cafe au Lait (1) - Далија

160,00денPrice

Како што велат: една кафе-пауза на ден го брка лошото расположение! Нели? Со своите кремасти, нежни и бледо-розови ливчиња, омилената џиновска далија „Café au Lait“ (кафе со млеко) сигурно ќе ви го разубави денот. Оваа грациозна далија има огромни цветови, што ја прави врвен избор за невестински букети или како декорација за други свечени пригоди. Ќе можете да уживате во погледот на оваа убавица во вашата градина од средината на летото, па сѐ до првите денови со мраз.

Садете ги на сончеви места во цветни леи, градини или во надворешни жардиниери, во било каков тип на градинарска почва. Одржувајте ги растенијата добро натопени со вода за време на сушните периоди и редовно отстранувајте ги прецветаните цветови.

Отстранете ја централната цветна пупка од секое стебло. Сечењето на цветовите додека се во полно цутење поттикнува дополнително цветање. 

Слични Производи

bottom of page