Begonia Pendula Pink (3) - Бегонија (Кавалер и Дама)
Бегонијата „Pendula Pink“ е совршен избор за висечки саксии и жардиниери, благодарение на нејзините нежни, паѓачки гранки кои создаваат вистински цветен водопад. Нејзините бројни, раскошни цветови во прекрасна розова нијанса неуморно се нижат во текот на целото лето, внесувајќи романтика и свежина на секој засенчен балкон. Со својот елегантен изглед, оваа бегонија брзо станува главна декорација на секој простор.
За рано цветање, поставете ги луковиците блиску една до друга, во рамнина со површината, во садови со земја за цвеќе.
Температура: 7 – 16°C.
Време на садење: во затворен простор – рана пролет, на отворено – по последниот мраз.
Изберете место во полусенка или сенка, избегнувајте директно сонце! Одржувајте ја почвата влажна и отстранувајте ги овенатите цветови
















