Црвена Детелина (Trifolium pratense L.)
Две до тригодишна легуминоза која добро презимува. Најдобро успева во влажна клима, на средно тешки и слабо кисели почви. Откосот на црвената детелина (богат со протеини, минерали и витамини) заедно со тревите го употребуваме како квалитетна свежа сточна храна, сено или силажа. За подобрување на почвата е незаменлива во секој плодоред.
Ја сееме од март до септември, 1-2 cm длабоко. Се сее како чист посев (20-25 кг/ха) или во смеса со треви.















