Мајоран
Семето никнува за 10–12 дена. Може да се одгледува цела година во саксии. Едногодишно растение кое формира грмушка. Се берат свежи врвови на изданоци и листови. Ја задржува силната слатка и мирисна арома и кога е суво! Одлично се вклопува со гуска печенка, меленото месо, јадењата од компир, чорби и домати. Содржи многу етерични масла, танини и горчливи материи. Ја зајакнува нервната и желудочната активност и ги ублажува грчевите. Во градината делумно ги одвраќа инсектите.
















