Кромид Жолт Валентин
Семето од кромид 'рти 18-24 дена. Ова е сплескано-округла главица кромид, со светлокафеава боја и со бело месо и благ, остар вкус. Може да се користат и целите млади растенија. Му одговара топла клима, без подолги дождливи периоди и лесна, хумусна почва. Не се ѓубри со арско ѓубриво. Во песочлива почва, подобро расте во друштво на камилица. Доколку се следат упатствата, содржината од кесичката е доволна за принос од приближно 14 килограми кромид.
















