Коријандер
Семето никнува за 21 ден. Станува збор за егзотична едногодишна билка (50–80 см) која бара многу сонце. Се користат листовите, а особено зрелите (кафеави) семиња – како зачин за јадења од зелка и домати, ориз, месо и печива. Семињата се составен дел од зачинската мешавина кари. Сувите семиња се додаваат и во кисело овошје и ликери. Цветовите во градината привлекуваат корисни инсекти.
















